Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил тврди дека над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат!
„Според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за НЕВАЛИДЕН. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот“, вели тој.
Вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.