„Христијан Мицкоски, квазипатриотот кој ја преспа Преспа и чиј пратеници стоеја до ѕидот кога се менуваше името Македонија, во надеж дека ќе стане идниот премиер (како што лажно го тапшаше Меркел) – истиот тој “лидер” сега се согласил со сведување на државотворниот македонски народ на обична етничка заедница, само за да им удоволи на неговите идни коалициони партнери – националшовинистите од АА“, напиша лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев со што упати жестока критика кон претседателот на најголемата опозициска партија.
Според него, Мицкоски, „ја прифаќа Тиранската платформа“.
„Овој човек, без око да му трепне, ја прифаќа Тиранската платформа и се нафаќа со целосна ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија (по примерот на Босна), како иден чекор кон кантонизација/федерализација на Републиката и нејзино згаснување. Свака част нехаризматичен мајсторе“, стои во Фејсбук статусот на Апасиев.