Апасиев: Груби ни прави реклама

од Nikola Popovski
453 прегледи

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев се огласи откако името на неговата партија беше споменато од првиот вицепремиер Артан Груби.

-Поубава политичка РЕКЛАМА за Левица одамна сме немале во етерот. Фала Нежни!, напиша Апасиев.

Груби денес, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се во комуникација со сите партии, освен со Левица со која немаат никакви контакти и нема ни да имаат.

– Сите тие пратеници коишто се определени да ја видат нашата држава зачленета во ЕУ ќе дојдат во парламентарното мнозинство, рече Груби, додавајќи дека решението е сите пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија да дојдат во парламентарното мнозинство и да ја поддржуваат актуелната Влада.

Слични содржини