Апасиев: Има една анегдота од Римското право за возачот на Бентлито

Во рамки на случајот со „бентлито“ кое залута на скопскиот плоштад, за што сопственикот на истото беше казнет со 45 евра казна, се огласи меѓу другите и опозицискиот пратеник и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој сакаше сето ова да го објасни преку анегдота објавена на неговите социјални мрежи.

Има една анегдота од Римското право во врска со актуелнава казна од неверојатни 45 ЕУР за возачот на Бентлито на плоштад…

Еден богат Римјанин севезден си го земал својот роб, на кого му давал едно ќесе монети, и се шеткал на Форумот (градскиот плоштад во Рим) – при што, од заебанција, намерно им мавал ШАМАРИ на римските граѓани кои случајно си поминувале низ градот!?

Кога овие, природно, ќе изреагирале, тогаш робот кој го носел ќесето поштено ја плаќал паричната казна на газдата „според законот“ – која, btw, била смешна сума за тоа време.

p.s. Ете затоа, КАЗНИТЕ треба да бидат соодветни на делото, за да моќниците и силеџиите не си играат курташак со народот и со Државата!

#ДржаватаЗаНародот

Слични содржини