Лидерот и пратеникот на Левица, Димитар Апасиев смета дека „народот веќе не може да трпи ваква неправда“.
-Утре треба францускиот предлог да помине во Влада и ни треба масовност. Ги повикувам сите граѓани да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски. Планот Б кој што го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето. Ќе сакаат да го поминат на Собрание и затоа сме дојдени тука. Ќе пробаат да го стават на пленарна седница и тоа ќе трае неколку денови. Секој граѓанин треба да биде пред Собрание додека трае расправата по предлогот. Дури и да го донесат, немаат две-третинско мнозинство за да го променат Уставот, за што е планирамо. И да им помине, им подготвуваме план Б кој ќе го соопштиме утре или задутре со правна операција која ќе го поништи ова. Се консултираме со правни тим и ќе имаме посебна прес-конференција околу тоа, рече Апасиев од пред Собранието.