Апасиев ќе го бојкотира Пописот: По сила на устав сум должен да не ги примам попишувачите дома

од Берта Китинска
201 прегледи

Денеска во Собранието беше изгласан Законот за попис на населението. Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот профил на Фејсбук излезе со своја рекација:

-Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!
Значи, јас – по сила на устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус.

p.s. Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако иам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислењ, напиша Апасиев.

Законот  беше изгласан со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“.

Слични содржини