Апасиев: Левица не е анти-ЕУ партија

од Nikola Popovski
232 прегледи

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев потврди дека прашањето за иницијативата за референдум, кое што партијата го најави за во среда, нема да биде против членството на државата во ЕУ.

-Ние не сме анти-ЕУ партија или како и да го сакаат тоа да претстават, но во формулацијата би користеле случајни и веќе случени преседани од типот на Преспанскиот договор. Така да би било интелигентно формулирано со цел да ја натераме Владата да не може да бојкотира или евентуалниот бојкот да се толкува како анти-ЕУ, со што тој наратив би го префрлиле на Владата, рече Апасиев за Тв Сител.

Апасиев потенцира дека би го одбегнале гласањето директно за Договорот со Бугарија, со цел да не „му даваат муниција на Талат Џафери“.

-Нему би му препорачал двапати да размисли пред ја одбие оваа иницијатива, порачува Апасиев.

Левица ќе достави нова иницијатива за референдум откако беше одбиена претходната на ВМРО-ДПМНЕ од страна на претседателот на Собранието. Образложението беше дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.

Слични содржини