Апасиев: Никаде во светот нема попис на дијаспора

од Nikola Popovski
277 прегледи

„Имаме неколку аргументи како партија зошто сме против пописот. Првиот е здравствениот аргумент“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, јавното здравје е приоритет.

„ООН преку својот департмент за статистика препорача сите земји да ги одложат пописите. Тоа го направи Германија, Шкотска, Ирска, Романија, Хрватска, Србија. Ние како партија предлагаме одложување за една година“, истакна Апасиев.

Тој нагласи и дека меѓународните аргументи се мошне силни, бидејќи пописите во цел свет се унифицирани.

„Има неколку групи на пописи. Ние имаме комбиниран попис, кој го ставија со европско знаменце. Никаде во светот нема попис на дијаспора“, вели Апасиев.

Слични содржини