Апасиев: Опозицијата треба да размисли за протести и блокади

од Nikola Popovski
939 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека е потребна радикализација на состојбата.

-Состојбата е алармантна. Мислам дека е парализирана парламентарната демократија. Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа Власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата, вели Апасиев пред новинарите, пред да влезе во Собранието.

Според него, „очигледно е дека власта ги користи сите полуги за да оневозможи демократска транзиција на власта.

-Опозицијата треба да размисли за протести, блокади, парализирање на Собранието. Со вакви методи можат да стигнат и до 90 пратеници. Ситуацијата е пресериозна. Ова е неиздржливо, мексиканско сценарио, како со картелите, смета Апасиев.

Слични содржини