Апасиев: Попов мудрува како ќе протестирал против „системот што убива“, а самиот возел пијан и прегазил жена

од Nikola Popovski
807 прегледи

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев сподели објава на социјалните мрежи, од судска пресуда за актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Во пресудата стои дека Попов пред десет години бил осуден поради тоа што без возачка дозвола и под дејство на алкохол прегазил жена, која за среќа не го загубила нејзиниот живот.

Во пресудата точно се наведени сите околности под кои се случила сообраќајката.

-Младото лавче, претседателчето на УМС на ДПМНЕ и сегашен пратеник – Сергеј Попов (татиното синче на претседателот на МАНУ) им мудрува на МЛАДИТЕ и на СТУДЕНТИТЕ како ќе простестирал против „системот што убива“, а самиот возел пијан и прегазил жена во аздисот, ама со протекции поминал неказнето (дали поради врските на татко му или на партијата)!?, објави Апасиев на Фејсбук.

Попов пред неколку дена, по смртта на младата Фросина Кулавкова, порача дека граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем.

-Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици. Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива, стои во објавата на Фејсбук на поранешниот лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини