Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

од Milan1
159 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи како што вели постојат основани сомневања дека преку владино прикривање и влијание, постои обид да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција за време на пожарот во Кочани.

„Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од Кривичниот законик.

Постојат разумни основи за сомневање дека постапката за разрешување на Јавниот обвинител на РМ е стопирана со цел да се насочи истрагата и, преку владино прикривање и влијание, да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција кога се случил кривично-правниот настан поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани“, објави Апасиев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини