214
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев доцна синоќа соопшти дека некој му го изгребал автомобилот марка „алфа ромео“.
Според Апасиев, немилиот настан се случил на паркингот на Собранието, а непознатиот сторител веднаш си заминал.
-Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден, се пожали Апасиев на социјалните мрежи.