Апасиев: Шарената револуција не беше предавничка, туку беше предадена

од Aleksandar Petrovski
149 прегледи

Димитар Апасиев од Левица во неговиот втор говор се осврна на статистиката на владиниот состав, каде се ставени луѓе со гола амбиција и накитена просечност.

– Имаме најмногу економисти, дури осум, етнички имаме 112 македонци и  албанци. се чудам зошто нема Турци или Роби или Срби или Власи. Има 16 мажи и 4 жени, во поглед на сексуалната определеност не би навлегувал. – рече Апасиев.

Тој го нарече Никола Димитров „министер за ЕУ-фундаментализам“, а Венко Филипче „министер за задгробен живот“, кој, како што рече, „му беше советник на познатиот „министер за смрт’“.

Заевизмот го нарековме највисок стадиум на груевизмот, истакна Апасиев и го цитираше античкиот филозоф Ксенофонт.

-Тогаш беше заробена држава, а сега е хибриден режим според Ксенофон, преку четири елементи кои ние ги имаме. Имаме доминација на приватните и бизнис интереси, значи концентрација на богатство и моќ, второ имаме арбитрарнст и страховлада, третата одлика е напната и нездрава заверничка атмосфера, и последната одлика е некадарна администрација составена од чинвници и подлизурковци кои ќе доведат до здивена корупција.  образложи Апасиев.

– Шарената револуција не беше предавничка, туку беше предадена – заврши Апасиев.