Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ си легна на брашното, го признаа Преспанскиот договор

од Viktor Jovanov
416 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ си легнаа на брашното, таму сега младите лавови велат дека Преспанскиот договор е реалност. Ние како Левица не знаеме дали ќе најдеме партија која ќе биде подготвена за укинување на овој договор, но на крајот не мора да бидеме во власта, ќе бидеме опозиција, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Сакаме да дадеме јасна порака дека не е невозможен процес на поништување на Преспанскиот договор. Тој договор е шверцуван, нема указ, неможе да произведе правно дејство бидејќи е спротивна на референдумот. Ние не бараме преку ноќ да се укине, туку бараме отпочнување правна процедура на меѓународно и интерно ниво, вели Апасиев.

Слични содржини