1,7K
Откако пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи се огласи на социјалните мрежи дека имал закани и притисоци, се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Според него, Реџепи ја кажал изјавата под принуда.
-Со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите евро-атлантски пратенички статуси, напиша Апасиев на Фејсбук.
Реџепи претхдно изјави дека е здрав и добар и им порача на своите сопартијци да не се грижат.