Се молат сите граѓани кои се во можност на било кој начин да му помогнат на скопјанецот Боривоје Грујиќ – Борче кој има 36 години и има проблем со менталното здравје.
-Во скопската населба Кисела Вода живее Боривоје Грујиќ – Борче. Тој има 36 години. Борче има проблем со менталното здравје, тој е ментално попречен и ограничен.Борче е лице без деловна способност. Нема лична карта, нема никакви лични документи и е лице со нарушен вид. Ноќно време не излегува бидејќи нема струја во преспивалиштето, ниту пак гледа добро. Легнува во 9 часот навечер, и станува во 5 часот наутро.
Тој живее во напуштена руинирана колиба, без струја, без вода и со неизвесен оброк во текот на денот. Можете да го сретнете секој ден на контејнерите во населба Кисела Вода. Борче собира храна за животните со кои што го дели кровот и постелата.Борче живее со 4 кози, 3 кокошки и едно прекрасно куче во трошна куќарка.Борче живее во влага, без услови за лична хигиена во услови на глобална пандемија од корона. Борче се нема искапено ниту потстрижено со месеци, можеби подолго од година. Борче нема заштитна респираторна маска, бидејќи не може да си ја дозволи, стои во објавата на социјалните мрежи.
Улица Милан Мијалковиќ бр.69, населба Пржино, Скопје.Во скопската населба Пржино во општина Кисела Вода живее Борче…
Публикувахте от Orhan Oki в Четвъртък, 24 септември 2020 г.