Апелација ја укина пресудата за очниот хируг Ставриќ, ќе се суди одново

од desk3
113 прегледи

Скопскиот Апелационен суд ја укина пресудата за очниот хирург Дејан Ставриќ, кој беше осуден на една година затвор,поради наводно земање мито од 2.000 евра, за да посредува при добивање на инвалидска пензија и случајот го враќа на повторно судење.

download

Во решението на Апелација се наведува дека уважува жалбата и ја укинува пресудата.

“Случајот се враќа на повторно судење на првостепениот суд. Се укажува дека Кривичнот суд сторил битни повреди на одредбата на кривичната постапка со упатство, како да ги утврди фактите и околностите за донесување на правилна пресуда” – се наведува понатаму во решението.

Во мај лани, Основниот суд Скопје 1 донесе пресуда од една година затвор за очниот хирург, откако за само едно рочиште судскиот совет успеа да ги сослуша обвинетиот и сведоците, да ги разгледа доказите, и да донесе пресуда.

Др. Ставриќ беше претседател на Синдикатот на скопските клиники кога се водеше најолемиот штрајк на врботените. Интересно беше што судењето на др. Ставриќ заврши за само неколку часа и беше донсена осудителна пресуда.