Апелациониот суд Скопје во целост се согласува дека бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата, во сите сегменти на државните власти, е од приоритетно значење и важност“, велат од Апелација за ставањето на судијата од овој Суд, Енвер Беџети, на „црната листа“ на САД.
„Како единствен второстепен суд кој постапува по предмети од организиран криминал и корупција од висок профил во Република Северна Македонија, во целост ги поддржува заложбите за борба против корупцијата, која претставува закана за владеењето на правото и врши ерозија на капацитетите на судската власт и ги намалува демократските вредности. Судиите на Апелациониот суд Скопје со целосно изграден индивидуален интегритет и личен однос кон прашањето на корупција и судир на интереси, продолжуваат да градат отпорност кон политички и било какви други влијанија при правораздавањето, преку професионалност и транспарентност во работењето и почитување на принципите на националното и меѓународното право. Независно, непристрасно, професионално и одговорно судство е важен столб на секоја држава, па оттука судиите на Апелациониот суд Скопје ја поддржуваат секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на пресумпција на невиност“, се вели во соопштението, од Апелациониот суд.