Денес е тешко да се замисли деловна активност без употреба на апликации кои освен тоа што се корисни, исто така ги олеснуваат деловните процеси.
Entrepreneur избра 10 апликации и алатки кои ќе ви помогнат во деловното работење:
Coshedule
Лесен додаток на WordPress којшто обезбедува едноставни решенија за уредување блогови, веб страници и општа содржина.
Optimizely
Апликација којашто овозможува да поставите одредени рокови и да водите извештаи.
Intercom
Со оваа алатка можете да ги следите активностите на корисниците кои ги користат вашите онлајн алатки и апликации.
Fuze
Fuze е видео и конференциска видео услуга што им овозможува на корисниците да испраќаат пораки и датотеки за време на повик.
Mailbox
Апликацијата е создадена за да ги оптимизира е-маил опциите на телефоните.
Mynd
Оваа апликација е многу корисна затоа што ќе се “поврзе“ со вашиот тековен календар и ќе ве потсети кога ќе имате закажано состанок и слично.
ZenPayroll
Со оваа апликација се контролира системот за плаќање на работниците, а самата апликација го олеснува административното следење на вработените.
IconFinder
Апликацијата ќе ви помогне да ги пронајдете најдобрите икони за вашите апликации или веб страници.
Canva
Апликација којашто создава многу добар графички дизајн. Исто така, го следи целосниот графички дизајн на вашата сметка, па така можете да го промените “изгледот“ според вашата волја.
Buzzsumo
Оваа апликација анализира содржина, а исто така е алатка којашто истражува која содржина е најдобра за одредена цел.