269
Денови пред да ги претстави своите нови паметни телефони Sony објави дека пушта надградба за апликацијата 3D Creator што е достапна за моделите Xperia XZ1, XZ1 Compact и XZ Premium и овозможува создавање на 3D модели на различни објекти и предмети со четири достапни режими – лице, храна, глава и бесплатно скенирање.
Надградбата додава можност за објавување на 3D проектите директно на Facebook откако се користи новиот интерактивен 3D формат на социјалната мрежа. Така останатите корисници ќе можат да комуницираат со три димензионални слики откако ќе ги вртат, зумираат итн., директно од „њуз фидот“.
Новата верзија на апликацијата ќе биде дистрибуирана како ажурирање во Play Store.