334
Силно торнадо синоќа ја погоди Чешка. Бројот на мртви и повредени расте, а штетите се огромни.
Досега е потврдено дека загинаа пет лица, а над 200 се повредени. Торнадото погоди неколку градови на југоистокот на Чешка и урна куќи до земја.
Министерот за внатрешни работи Јан Хамацек прогласи вонредна состојба, а премиерот Бабиш ја нарече природната катастрофа „апокалипса“.
Во тек е потрага по преживеани закопани во урнатините.