Месец март бил најтоплиот од 1880 година, откако научниците почнале да ги снимаат податоците, пренесе Daily Mail. Занележана е рекордна жега на земјината топка – секој еден од првите три месеци на 2015 година поставувал нов рекорд.
Просечната температура на планетата минатиот месец била 13,6 степени, што е со 0,85 степени над просекот за 20 век. Податоците се на Националната океанска и атмосферска администрација и ги вклучуваат просечните температури на земната и морската површина. 2014 година беше најтоплата во современата историја, соопштија порано научници кон американската влада.
Горењето на фосилни горива ги зголемува емисиите на стакленички гасови во атмосферата што доведува до зголемување на температурите, топењето на поларниот мраз и глечери и зголемување на морското ниво, предупредуваат научниците, цитирани од Daily Mail.