Apple донира 5 милиони долари за настраданите од урагани

од desk3
135 прегледи

Американската корпорација Apple инвестира 5 милиони долари во фонд за помош на настраданите од урагани и други стихијни катастрофи, објави вчера CNN. Според податоците на медиумот износот е ставен на сметката на хуманитарната организација Hand In Hand ( “Рака за рака”), која ќе ги  распредели средствата меѓу различни фондови. Целта на Apple е да им помогне на жртвите од ураганот “Харви”, кој пред 2 недели помина низ американската држава Тексас. Освен тоа дел од парите ќе бидат издвоени и за сите оштетени од катастрофалниот ураган “Ирма”. Бројот на жртвите од ураганот “Ирма” достигна 22 лица. Од Apple најавија уште дека компанијата веќе има обезбедено можност и на корисниците на својата онлајн продавница да префрлуваат средства директно на “Рака за рака”.

 

“Од овој викенд секој iPhonе, iPad или Mac корисник, како и секој сопственик на персонален компјутер со пристап до iTunes може да прави директни донации преку App Store или iTunes”, објави гигантот. Ова е втора голема донаторска кампања на Apple за последниот месец. Претходно тие одделија други 3 милиони долари за Меѓународниот комитет на “Црвениот крст” за потребите на настраданите од “Харви”.