Apple го прекина производството на iPod по повеќе од 20 години откако уредот го промени начинот на кој луѓето слушаат музика и ја поттикна брзата еволуција на најголемата компанија во светот.
iPod Touch, единствената верзија на преносливиот музички плеер сè уште на пазарот, ќе биде достапна додека има залихи, се вели во блог пост на американскиот технолошки гигант.
Од неговото објавување во 2001 година, iPod доминираше со другите музички уреди, пред да биде засенет од паметните телефони и онлајн стриминг музиката.
iPod-от претрпе неколку промени од неговата прва верзија, која имаше карактеристично тркалезно копче за лизгање, капацитет за складирање од 1.000 песни и 10 часа траење на батеријата.
Најновата верзија на iPod Touch беше објавена во 2007 година – во исто време со првиот iPhone.
Apple престана да известува за продажбите на iPod во 2015 година.