Apple го зголеми ограничувањето за преземање содржини преку мобилна мрежа до 200 МB

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Apple го зголеми ограничувањето при преземање на датотеки од онлајн продавниците на компанијата користејќи ја мобилната мрежа од 150 на 200MB. Корисниците со iPhone и iPad сега можат да преземаат повеќе содржини, вклучувајќи апликации, игри, видео подкасти, филмови и друго. Претходниот чекор беше преземен во 2017 година кога се премина од 100 до 150MB.

Лимитот се воведува за да се спречи случајно преземање на некоја голема игра или друга содржина преку LTE мрежата, што може да доведе до дополнителни трошоци. Меѓутоа, многу често, компанијата беше критикувана поради тоа, бидејќи не постои можност рачно да се отстрани оваа граница.

Треба да се напомене дека за игри и апликации, границата ги покрива компресираните датотеки, а не големината, наведена во продавницата. Ова значи дека ако големината на играта е објавена 240 MB, на пример, таа може да се разликува од обемот на датотеки што всушност се симнати на уредот.