Apple итно го ажурираше софтверот за iPhone поради критичен пропуст што, како што рекоа независни научници, бил користен од разузнавачките служби за шпионирање на саудиски активисти.
Истражувачите од „Citizen Lab“ на Универзитетот во Торонто посочија дека софтверот се користи од февруари и се користел за поставување на „Пегасус“, шпионски софтвер на израелската компанија „NSO Group“, кој наводно бил користен за прислушување новинари и застапници за човекови права во неколку земји.
Итно ажурирање на софтверот „ја затвора дупката“ што ја користат хакерите за да се инфилтрираат во телефонот на корисникот преку iMessage без тој да кликне на било ништо, според Citizen Lab.
Apple ги потврди тврдењата на компанијата.
„Нападите како овие се сметаат за многу софистицирани, чинат милиони долари. Тие често траат кратко време, а цел се одредени лица“, изјавија од безбедносниот инженеринг и архитектура на Apple, пишува Си -Ен -Ен.
Оттаму додаваат дека Apple брзо го решил проблемот со софтверот и дека овој пропуст „не претставува закана за огромното мнозинство корисници“.