Apple изгуби 90 милијарди долари за две недели

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Пазарната вредност на Apple кон 6 август е намалена за 90 милијарди долари во споредба со 20 јули, објави Business Insider. Акциите на компанијата продолжуваат да поевтинуваат и денес се тргуваа по 115 долари од претходните  130.97 долари на 20 јули.

20150806.cfnjvfkuwr

Според експертите, во моментов Apple Inc. чини 656,21 милијарди долари, а највисоката вредност на компанијата е регистрирана во февруари 2015 година-765 милијарди долари. Во врска со ситуацијата Bank of America Merrill Lynch ги смени препораките за купување на акции на компанијата од “позитивна” на “негативни “, што значи дека не се препорачува купување, но уште е рано и за продажба.

Експертите обрнуваат особено  внимание на зависноста на Apple од продажбата на iPhone, растот кој евидентно е  забавен. Со голем придонес за падот на акциите на компанијата има и Кина, каде нејзината продажбата падна на  третото место,  и претекнување од Xiaomi и Huawei.