Apple излегува со музичка апликација-конкурент на Spotify

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Apple претстави новa апликација која ќе комбинира стриминг на песни и музика, видео библиотека, радио и интернет. Апликацијата ќе im овозможува на уметниците да прикачат необјавени до моментов парчиња и други свои материјали пренесе BBC.Image_4810413_126 (1)

Целта на услугата е да конкурира на Spotify, Tidal и други музички апликации.

Првата земја што ќе ја користи новата услуга по САД, е Велика Британија.

Услугата на Apple ќе воведе и радиостаницата Beats 1, на која домаќин ќе биде DJ Zane Lowе.

Апликацијата ќе работи и со гласовни команди преку виртуелниот асистент Siri.

Услугата ќе стартува во повеќе од 100 земји на 30 јуни и ќе чини 9,99 $ месечно за човек во САД, таква е и цената на Spotify. Претплатата за семејства до шест лица ќе е со цена од 14,99 $.

Корисниците не треба да плаќаат за да слушаат Beats 1.

Првично музичката апликација ќе биде ограничена на IOS, компјутери со Windows и Mac, но до крајот на годината ќе ги опфати и Android, како и телевизорите Apple.

Плаќањето за претплата на новата апликација на Apple ќе се случува преку кредитни, дебитни и картички за лојалност, директно преку iPhone или преку часовниците на Apple.