Brand Finance, најголемата светска компанија за вреднување на бизнисот, објави листа на највредните светски брендови, а американскиот технолошки гигант Apple останува на првото место.
Со проценета вредност од 574,5 милијарди долари, Apple го задржа своето водство пред другите компании, кое го имаше и претходната година, кога неговата вредност беше проценета на 516,5 милијарди долари.
Интересно е што првите пет компании доаѓаат од САД, а на целата листа доминираат американски компании. Вредноста на сите американски компании сочинува повеќе од 50 отсто од вкупната вредност на компаниите на оваа престижна листа.
Во првите пет, заедно со Apple, се Microsoft (461 милијарди), Google (412,9 милијарди), Amazon (356,3 милијарди) и Walmart (137,1 милијарди), кои го презедоа петтото место од корејски Samsung (110 милијарди).
Топ 10 ја комплетираат кинеската TikTok (105,7 милијарди), Facebook (91,4 милијарди), Nvidia (87,8 милијарди) и кинеската државна компанија за дистрибуција на електрична енергија (85,6 милијарди).
Интересно, Nvidia скокна од 30-то место на деветтото место во 2024 година, а нејзиното вреднување речиси двојно се зголеми, од 44 на 87,8 милијарди.