Американската компанија Apple ќе направи измени на својот iPhone 12 во Франција за да се усогласат со европските норми за нивото на емисија на зрачење и да се погрижи забраната за продажба на тој модел да биде укината, дозна денес Франс прес од калифорниската компанија и од Француски министер за дигитализација.
На 13 септември, француската владина агенција за технолошки надзор нареди повлекување на телефоните на Apple од пазарот, бидејќи тие емитуваат премногу високо ниво на електромагнетно зрачење.
„По разговорите и како што побара агенцијата за фреквенции во вторникот, производителот Apple даде гаранции дека ќе го ажурира својот iPhone 12 во наредните денови“, рече министерот Жан-Ноел Баро во изјавата пренесена од Франс прес.
Портпаролот на Apple рече дека ќе објави ажурирање на софтверот за француските корисници за да го земат предвид протоколот што го користат француските регулаторни органи.
iPhone 12 е во продажба од крајот на 2020 година.