Apple ќе треба плати 234 милиони долари поради нарушени патенти

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Жирито на судот во Висконсин одлучи дека Apple треба да плати на локалниот универзитет сума од 234 милиони долари поради нарушен патент, соопштува BBC. Компанијата сепак се спаси од максималниот износ на глобата, кој можеше да достигне 862 милиони долари.

zx450y250_2630949

извор: Yuya Shino/Reuters

Сумата ќе треба да биде исплатена на Фондацијата на Универзитетот во Висконсин – Медисон, која ги лиценцирала патентите. Компензацијата е и со 165 милиони долари помалку отколку фондацијата што сакаше. Единствениот коментар од Apple е дека ќе поднесе жалба на одлуката.

Компанијата беше прогласена за виновна за кршење на патенти кои ја подобруваат ефикасноста на работата на процесори за мобилни уреди. Според универзитетот технологијата се користи во неколку од последните модели на iPhone и iPad. Apple контрира дека патентот е невалиден и дури побара тој да биде разгледан од патентно биро на САД, но тоа беше одбиено.

Универзитетот ќе води и нов процес кој ги вклучува најновите модели на iPhone и iPad, кои според него, исто го прекршуваат патентот. Apple повторно негира дека има повреда. Компанијата од Купертино има приходи за минатата година во износ од 182 милијарди долари, како и резерва во кеш, која е околу 200 милијарди долари.