Компанијата Apple објави ажурирање за да ги поправи безбедносните пропусти на своите уреди на iPhone, iPad и Mac, за кои тврди дека можеби биле „активно искористувани“ од хакери, јавува BBC.
Технолошката компанија рече дека новиот софтвер „обезбедува важни безбедносни ажурирања и се препорачува за сите корисници“.
Пропуст може да им овозможи на хакерите да преземат целосна контрола врз погодените уреди, сугерираат експертите од ИТ индустријата.
Ажурирањето е достапно за iPhone 6s и поновите верзии, iPad Pro, iPad Air 2 и поновите верзии, и iPad петта генерација и поновите верзии.
Достапен е и за iPad mini 4 и поновите верзии и iPod touch 7-та генерација.
Apple забележува дека хакерите го искористиле пропустот за да се инфилтрираат во WebKit, моторот што го напојува веб-прелистувачот Safari на Apple.
Компанијата соопшти дека хакерите би можеле да го искористат пропустот доколку корисникот пристапи до „злонамерно креирана веб-содржина“.
За огромното мнозинство корисници, нема причина за паника, бидејќи нема индикации дека хакерите ја искористиле безбедносната дупка за да извршат масовни напади врз пошироката јавност.