
Apple уште еднаш е во центарот на парница која е предизвикана овој пат со тужба поднесена против компанијата од страна на незадоволните потрошувачи. Според обвинението, Apple намерно дистрибуира софтверски ажурирања кои престануваат да ги прифаќаат оригиналните iPhone полначи. На овој начин сопствениците на паметни телефони се принудени да инвестираат дополнителни средства за да купат нови додатоци за да ги напојуваат своите уреди. Овие практики се намерно направени од Apple „барем од ноември 2016 година“ се наведува во случајот.
Многу корисници се најдоа во непријатна ситуација кога ја здогледаа пораката „Овој додаток не може да биде поддржан“ на екранот на iPhone. Неможноста да продолжат да го користат стариот полнач за предвидената намена, не им остави друг избор освен да инвестираат во купување на нов полнач. Обвинителството тврди дека Apple е свесен за ситуацијата и дека не презел никаква акција за олеснување на своите корисници, објави MacRumors. Компанијата логично ги отфрли овие наводи и ќе ја продолжи својата одбрана во судот.
Случајот е посебно фокусиран на iOS 10.1.1 од ноември 2016 година и тврди дека многу други корисници се засегнати од проблемот. Сè уште немаме податоци за конкретниот број луѓе кои се нашле во оваа непријатна ситуација и брзо купиле нов полнач. Ако судските власти ги прифатат овие тврдења за таква намерна акција на Apple, ова сигурно може да биде сериозен удар за угледот на компанијата. Расправите заслучајот во допрва треба да се одржат.