Американските законодавци изразија загриженост за начинот на кој Apple ја води својата App Store. По многубројните тужби, казни и пресуди против начинот на работа на App Store, мора да се признае дека Apple вешто ги спроведува своите идеи. Иако досега неколку пати беа казнети и под притисок да го променат начинот на работа, Apple продолжува со својата политика.
Одборот за правосудство во Вашингтон гласаше со 20 против 2 овој месец за подобрување на законот, кој ќе ги намали таксите што Apple ги присвојува од приходот од дигиталните апликации. Гласањето дојде по повикот кон сенаторите од страна на извршниот директор Тим Кук и предупредувањата на компанијата дека законот ќе предизвика голема штета на приватноста и безбедноста на корисниците.
Предлог-законот е поддржан од стандардните ривали на Apple, како што се Epic Games и Microsoft. Законот има за цел да го спречи самоволието на технолошките гиганти како што беше најавено. А всушност се работи за споделување „колачиња“. Во овој случај, Apple се покажа како себичниот Џои (аналогија со ликот од серијата „Пријатели“ – н.з.) кој никогаш не дели храна, а особено иритирачки е моментот што покажува упорност и доследност во тоа.
Сигурно е дека ќе има уште правни битки кои ќе се водат околу компанијата Apple. И нејзината доследност добива се повеќе симпатии во јавноста. Ваквиот став на Apple корисниците се почесто го толкуваат како потег на Робин Худ.