Apple постигна важна судска победа над Samsung

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Samsung најверојатно ќе мора да направи промени во софтверот на своите паметни телефони за да ги продава во САД, откако Апелациониот суд донесе одлука во корист на Apple во патент спор меѓу двете компании, кој започнал уште во 2012 година Претходно беше почитувано  барањето на Apple дека нејзиниот конкурент користи неправилно патентирана технологија.

20150919.ozkavfmxrz
Судот издаде решение во корист на Apple во 2014 година, и ја  процени штетата за компанијата од Купертино во износ од 120 милиони долари, потсетува Фајненшал тајмс. Apple сепак не остана задоволен од оваа одлука и поднесе жалба со барање за забрана на продажбата на паметни телефони Samsung на територијата на САД. Првично судиите беа против забраната, но Апелациониот суд ја поништи претходните одлуки јави technews.bg. На страната на Apple биле двајца од вкупно тројца судии. Ова им овозможува на Samsung да поднесат  жалба на одлуката на Врховниот суд. Ако и тоа не е во негова корист, корејскиот производител ќе треба да ја отстрани повредата во своите производи до крајот на годината.