Apple први во светот достигнаа пазарна вредност од 3,5 трилиони долари

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Apple е првата компанија која достигна пазарна вредност од 3,5 трилиони долари. Ова е највисоката вредност што ја достигнала која било компанија во историјата.

За зголемувањето на вредноста на акциите, американскиот гигант може да се заблагодари на инвестицијата во развојот на вештачката интелигенција под името Apple Intelligence, за која ја информираше јавноста во јуни годинава. Нивната вредност се зголемува откако објавија дека тесно соработува со OpenAI, така што во иднина нивните производи ќе содржат ChatGPT.

Како што видовме досега, речиси сите компании кои инвестирале во вештачка интелигенција пораснале во вредност. Најголем профит од овие инвестиции имаат Microsoft, Apple и Nvidia, кои се очекува следната година да надминат пазарна капитализација од четири трилиони долари.

Прашањето е само кој прв ќе го направи тоа, со оглед на фактот дека кога некој ќе објави нова вест за вештачката интелигенција, нејзината вредност расте.

Слични содржини