Apple сепак заинтересиран: AR и метаверзумот се иднината

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Иако долго време се спротивставува на овој тренд, Apple ги откри своите амбиции поврзани со виртуелната реалност. Во четвртокот, извршниот директор Тим Кук зборуваше за иднината на компанијата.

Тој најави инвестиции во AR апликации, кои се повеќе ги има на платформите на Apple, а тоа предизвика раст на акциите на компанијата.

„Во тоа гледаме многу потенцијал и подготвени сме да инвестираме“, нагласи Кук.

Аналитичарите на „Блумберг“ веќе ги објавија плановите на компанијата да ги претстави своите очила за виртуелна реалност. Сепак, компанијата сè уште ги нема јавно објавено овие планови.

Кук нагласи дека напорите за истражување и развој на компанијата се фокусирани на вкрстувањето на хардверот, софтверот и услугите. „Тоа е магијата“, додаде Кук. Исто така, приходите од услугите како што се Apple Music и Apple TV + се зголемија за 24 отсто минатата година.

AR хардверот може да отвори нови можности за компанијата да ги зголеми претплатите. Постоечките понуди за фитнес вежби и видео содржини можат да станат поатрактивни со помош на AR искуството, пренесе „Ројтерс“.

Услугите поврзани со метаверзумот, како што се AR апликациите, би можеле да ја сменат распределбата на приходите на Apple во компанијата.

„Постои значителна предност за услужниот бизнис на Apple што потенцијално би можел да ги надмине приходите од iPhone во наредните години“, рече аналитичарот Нил Шах.

Слични содржини