Apple со 51% од приходите од продажбата на смартфони на крајот од 2017-та

од Vladimir Zorba

Малку повеќе од половина од приходите од продажбата на паметни телефони во последниот квартал од 2017 година отишле во касата на Apple, покажаа податоците од аналитичарската компанија „Morgan Stanley“.

Во бројки, ова достигнување изнесува 61,14 милијарди долари и е рекорд за пазарот.

Американскиот гигант забележал 12 проценти повеќе продажби на iPhone отколку тримесечје порано, додека во исто време продажбата на Android телефони во Кина се намали за 17 проценти, што донекаде го условува и големиот успех на Apple.

Новиот елегантен и прилично скап iPhone X има удел од 3 отсто во Кина со тенденција да се зголеми. Очигледно локалните корисници немаат проблем со цената, бидејќи за споредба iPhone 8 има 1,36 проценти удел, а iPhone 8 Plus – 2.63 проценти.

Сепак, Морган Стенли предвидува дека кинеските производители на Android ќе се обидат да го зголемат својот удел во просечниот ценовен сегмент со намалување на цените на нивните мобилни телефони. Ова ќе доведе до послаба продажба на стари модели на iPhone, како што е iPhone 6.

Samsung останува втор. Корејскиот производител, исто така, ги зголемил своите проценти од претходната година и сега добива 15,7% од приходите од паметни телефони. Трет е Huawei со 7%.

Слични содржини