Apple веќе не е највредната компанија во светот

од Vladimir Zorba
554 прегледи

Microsoft стана највредната компанија во светот, откако нејзината вредност го надмина Apple.

Пазарната капитализација на Apple беше 2,46 трилиони долари, а компанијата соопшти дека не ги исполнила очекувањата за приходите на Волстрит за последниот квартал.

Како причина за тоа го наведоа нарушувањето во глобалниот трговски синџир.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, за телевизијата CNBC изјави дека недостигот на приходи ќе биде шест милијарди долари и дека очекува уште полоши проблеми.

Продажбата на телефонот „iPhone“ е зголемена за 47% од почетокот на оваа година, но тоа е сепак помалку од очекувањата на аналитичарите.

Од друга страна, Microsoft ги надмина очекувањата, годинава имаше раст на приходите од 22 отсто во однос на лани, а тоа е најголем раст од 2018 година.

Apple беше првата компанија со пазарна капитализација од еден трилион или два трилиони долари. Така, ја надмина пазарната капитализација на саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco, пишува CNBC.

Слични содржини