Апсење на плоштад „Македонија“, носел пиштол пред казино

од Nikola Popovski

МВР информира дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера синоќа околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го лишиле од слобода А.И. (20) од скопско Батинци.

При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри.

Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини