Холивудската ѕвезда и еден од најголемите заводници, актерот Бред Пит, одлучил да живее во апстиненција по разводот со актерката Анџелина Џоли.
Бред Пит одлучи радикално да го промени својот живот откако во 2016 година се разведе од поранешната сопруга Анџелина Џоли, а потоа следеше жестока војна на поранешните сопружници.
Бред го прифатил животот во апстиненција и истакна дека секој во одреден момент од животот чувствува емоционална болка и дека тагата е неизбежен дел од растењето и созревањето.
„Мислам дека сите наши срца се скршени. Се чувствував осамено во животот кога растев, но и подоцна. Дури неодамна ја почувствував прегратката на моето семејство и пријателите“, изјави Бред Пит за странските медиуми, додавајќи дека го изгубил тоа чувство за осаменост кога во 2016 година одлучил да се откаже од алкохолот.
Цели 18 месеци, тој редовно присуствувал на собирите на анонимни алкохоличари, каде што чувствувал припадност и блискост со другите луѓе. Долгогодишниот пушач, Пит тогаш решил да се откаже и од цигарите, кои ги заменил со никотинска гума за џвакање.
„Јас ја немам таа способност да запалам една или две, целосно се предавам“, објасни тој.
Поради осаменост и несигурност, актерот призна дека пушел марихуана додека бил во брак со актерката Џенифер Анистон.
„Поголемиот дел од 1990-тите се криев и пушев трева. Ми беше премногу непријатно поради големото внимание на јавноста што го имав“, објасни тој.
Бред Пит беше во брак со Џенифер Анистон од 2000 до 2005 година, кога љубовта меѓу него и Анџелина Џоли се разгоре за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.