Компанијата Canonical, која развива седиште на Linux оперативниот систем Ubuntu, сè уште не се откажала од мобилниот сегмент. Заедно со шпанската BQ, таа го претстави новиот смартфон Aquaris E5 HD Ubuntu Edition. Ова е втор смартфон воопшто кој користи Ubuntu.
За разлика од својот претходник – Aquaris E4.5, кој се предлагаше во ограничена серија, новиот модел има амбиција да стане првиот масовно продаван smartphone со Ubuntu.
Уредот располага со 5-инчен дисплеј со IPS HD технологија.Резолуцијата му е 1280х720. Процесорот на E5 е 4-нуклеарен MediaTek Cortex A7. Оперативната меморија е 1GB, а онаа за чување на датотеки – 16GB. Смартфонот е опремен со 13МР камера на задната страна и 5МР камерата на предниот панел.И двете имаат BSI сензори и леќи Largan.
Е5 ќе се нуди отклучен за работа со сите оператори и со слотови за две SIM картички. Тие дури можат да се од различни оператори.Телефонот ќе чини 199 евра и ќе се нуди во онлајн продавницата на BQ, а може да се нарача од корисници од целата Европска унија.