Токму кога би помислиле дека случајот со Ар Кели не може да биде побизарен, извор близок до пејачот тврди дека планира да соработува со обвинителството и да ги открие имињата на педофилите од музичката индустрија со цел да ја намали затворската казна.
Кели наводно тврди дека ќе ги открие имињата на другите јавни личности кои учествуваат во нелегални сексуални активности со малолетници. Меѓу имињата што ги споменува е и „планетарно популарна пејачка“, но и „познат рапер“.
Кели досега соработуваше со најголемите имиња во музичката индустрија. Близок извор до пејачот наведува дека поради намалувањето на затворската казна и евентуален договор со обвинителството, тој ќе открие се што е потребно.
Да потсетиме, американската АрЕнБи sвезда беше прогласена за виновна на 27 септември оваа година во судот во Њујорк за серија сексуални прекршоци, вклучително и долгогодишно водење „систем“ на сексуална експлоатација на млади жени, вклучително и малолетнички.
Педесет и четиригодишниот пејач, најпозната по хитот „I Believe I Can Fly“, беше прогласен за виновен и за „трговија со секс“. На Кели му се судеше за изнуда, сексуална експлоатација на малолетници, киднапирање, корупција и принудна работа, во периодот од 1994 до 2018 година.
Судењето траеше пет и пол недели.
Обвинителите рекоа дека Кели ја искористил својата слава и харизма за да пронаоѓа жртви, а некои од нив избирал од својата публика на концертите, со помош на неговата придружба.
Очевидци велат дека жртвите често се надевале дека Кели ќе им помогне во кариерата, и се нашле во ситуација кога барал безусловна послушност од нив и ги казнувал ако било поинаку.
Пејачот, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, е еден од најистакнатите мажи на кои им се судеше за сексуални престапи во рамките на движењето #MeToo.