70
Маж од Арачиново вчера им се заканувал со пиштол на тројца вработени во ЕВН кои извршувале работни задачи, соопшти МВР.
„На 25.02.2025 во 11:10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.