Арапската лига го отфрли израелскиот суверенитет врз Голанската висорамнина даден од Трамп

од desk2
138 прегледи

Арапската лига денеска на самитот во Тунис го отфрли американското признавање на израелскиот суверенитет врз Голанската висорамнина.

Претставниците на 22 земји на Арапската лига без Сирија, исклучена поради претседателот Башар ал-Асад, издадоа заедничка изјава во која ја осудија изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека треба да се признае израелски суверенитет врз Голанската висорамнина, како и неговата минатогодишна одлука да го признае Ерусалим како главниот град на Израел.

На денешниот самит на Лигата, беа отфрлени и на други ставови на администрацијата на Трамп, кои беа наречени нефер и премногу наклонети кон Израел.

Лидерите на самитот ја потврди својата посветеност за решавање на конфликтот околу Голанската висорамнина, порачувајќи дека ќе го признаат Израел, само ако се повлече од окупираната Голанска висорамнина, како и од источен Ерусалим и од Западниот Брег.

Израел ги окупираше овие територии во војната во 1967 година.

Во завршното соопштение на крајот од самитот, лидерите порача дека Голанската висорамнина е „окупирана територија на Сирија”.

Овогодинешниот самит на Арапската лига се одржа во Тунис.