Арба Кокалари прва европратеничка со албанско потекло во ЕП

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Во Европскиот Парлемент првпат ќе има пратеник од албанско потекло. Тоа е Арба Кокалари која се кандидираше во име на Умерената партија на Шведска, која пак освои 17,6 отсто од гласовите, обезбедувајќи четири европратенички места.

За време на кампањата, Кокалари вети дека ќе биде силен глас за интеграцијата на Албанија во Европската унија, мото со кое го побара гласот на Албанците кои живеат во Шведска.

Кокалари е родена во Тирана на 27 ноември 1986 година, била на функцијата меѓународен секретар на Младинскиот форум на Шведската умерена партија и е вклучена во политиката уште на 16-годишна возраст. Дипломирала меѓународно право и европска политика на Универзитетот во Стокхолм.

Емигрирала во Шведска во 1992 година, кога нејзиниот татко бил назначен за амбасадор на Албанија во нордиските и балтичките земји.

На изборите за Европскиот парламент оваа година имаше многу кандидати Албанци кои за европратенички места се тркаа во Грција, Италија, Белгија и Шведска.