Arctic Trucks со својот нов пакет модификации за новиот Land Rover Defender ги подобрува можностите на овој теренец во тешки услови.
Се издвојуваат гумите од 35 инчи, комплет алуминиумски тркала од 20 инчи и комплет за подигнување.
Генерално, овој Defender е повисок од фабричката верзија, со клиренсот зголемен на 360 mm со воздушните пружини на највисоката позиција.
Има зголемени браници, графика на Arctic Trucks и опционален Warn винч, додека благиот хибриден 3.0-литарски бензински мотор во Defender P400 сè уште има 294 kW/400 КС и 550 Nm вртежен момент (со погон на четири тркала и осумстепен автоматски менувач).
Цената за сите овие промени не се споменува во кратката информација.