Ардерн: Нов Зеланд ќе ги укине мерките кога ќе биде вакцинирано 90 отсто од населението

од Milan1
261 прегледи

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска нагласи дека земјата ќе стави крај на строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот само кога 90 отсто од населението ќе биде целосно вакцинирано.

„На крајот, најдовме рамнотежа помеѓу желбата да се отвориме повторно брзо, но луѓето се уште да бидат безбедни“, рече Ардерн на прес-конференција.

Досега, 68 проценти од жителите на Нов Зеланд биле вакцинирани со две дози, додека 86 проценти добиле единечна доза. Откако ќе се исполни целта за 90 проценти целосна вакцинација на населението, земјата ќе се пресели во нова рамка за заштита од Ковид -19 што ќе обезбеди излез од заклучувањето и ќе овозможи повторно отворање на бизниси и настани, рече Ардерн.

-Целосно вакцинираните луѓе ќе можат повторно да се соберат со семејството и пријателите, да одат во барови и ресторани и да прават што сакаат со поголема безбедност, додаде таа. Нов Зеланд, кој беше пример во борбата против Ковид-19, има потешкотии да го потисне ширењето на многу заразна Делта варијанта на вирусот, и покрај тоа што неговиот најголем град Оукленд е под строг „локдаун” повеќе од два месеца.

 

Слични содржини