АРГЕНТИНА ВО КОЛАПС: Здравствениот систем пред „пукање“, болниците полни, се бележат рекорден број заразени

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Аргентина регистрираше рекордни 41.080 инфекции со коронавирусот за еден ден во вториот бран на инфекција, што ја претвори оваа земја во едно од најголемите жаришта во светот и сериозно го оптерети нејзиниот здравствен систем.

Земјата со 45 милиони жители досега регистрирала 3.663.215 случаи на инфекција и 76.135 смртни случаи, според официјалните податоци.

Ова значи дека Аргентина има една од највисоките стапки на смртност по глава на жител, заедно со соседите Уругвај, Парагвај и Бразил.

Аргентина започна да применува строги ограничувања во саботата, на 22 мај, за да го стави вирусот под контрола. Спроведувањето на програмата за вакцинација е побавно отколку што вети владата на претседателот Алберто Фернандез.

Тековните мерки вклучуваат прекинување на наставата во училиштата, ноќен полициски час и ограничување на работата на рестораните само на услугата „за носење“.

Слични содржини