Аргентинец на клупата на бразилскиот великан

од Симе Стоиков
153 прегледи

Аргентинецот Луис Зубелдија е нов тренер на фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, објавено е на веб-страницата на бразилскиот клуб.

Како што беше најавено, 43-годишниот Аргентинец седна на местото тренер на популарните „триколори“ наместо Бразилецот Тиаго Карпини, кој беше разрешен поради лошите резултати во 2024 година и двата порази на стартот од Серија А.

Зубелдија потпиша договор со челниците на трикратниот светски клупски шампион и трикратен освојувач на Копа Либертадорес до крајот на 2025 година.

Аргентинецот во досегашната кариера не работел во Бразил.

Тој го водеше парагвајскиот Серо Портехо, во Шпанија работеше во Алавес, во Еквадор ги водеше Барселона и ЛДУ Кито, во Мексико Сантос Лагуна, во Колумбија Индепендиенте од Меделин и во неговата татковина Расинг и Ланус, клубот каде што ja помина целaта свој играчка кариера.

Слични содржини